ЛДП: Груевски е поразен

by Фокус

Либерално-демократската партија го поздравува склучувањето на синоќешниот договор за излез од политичката криза и смета дека одржувањето предвремени парламентарни избори на 24 април, 2016 година, ќе биде ново поглавје за враќање на демократијата во Македонија.

„Никола Груевски е детронизиран ! Поразот на Груевски ќе биде запечатен со отворање на транспарентна истрага од страна на специјалниот јавен обвинител за содржините, доказите и аргументите од проектот „Вистината за Македонија“. Тоа ќе значи кривична и секаква друга одговорност за сите инволвирани во криминалните активности кои се правеа во изминатиот период под владение на Груевски и неговите послушници. Само така ќе се врати довербата во судскиот систем. Со заминувањето на Груевски завршува ерата на арамилакот, манипулациите, криминалот и изживувањата на режимот врз македонските граѓани“, соопшти ЛДП.

Поврзани новости