Во Русија ако истепаш жена или дете по првпат, нема да одговараш кривично

by fokus

Руската дума денеска го усвои контраверзниот закон според кој за семејно насилство не се предвидува кривична одговорност доколку е првпат. Законот беше изгласан од 380 од вкупно 450 пратеници, а против беа само тројца.

За семејно насиство сега се предвидува само прекршочна одговорност во случај насиството да се случило само еднаш. Во случај на повторување следува и кривично гонење.

Претседателот на Думата Вјачеслав Володин го правдаше законот со резултатите од истражувањето на Серускиот центар за испитување на јавното мислење, според кои петтина од населението (19 отсто) е согласно за можноста за примена на физичка сила восемејството. Повеќе од половината испитаници (59 отсто) ја одобрува идејата за декиминализација на семејното насилство за оние кои го извршиле само еднаш.

Поврзани новости