-Либерално-демократската партија се придружува кон заложбите на “Хјуман Рајтс Воч“ за одговорност на сите инволвирани полициски службеници од ЕБР кои ги пречекориле своите овластувања и употребиле прекумерна сила кон насобраните граѓани, како и за нивните наредбодавачи, реагираа од ЛДП по најновиот извештај на „Хјуман рајтс воч“ за полициската бруталност на протестите на 5 мај.
Од партијата апелираат до истражните органи во државата што поскоро откривање на „насилниците во ЕБР и преземање на одговорност, како јавни службеници, платени со парите на даночните обврзници, кои се задолжени да го штитат јавниот ред и мир, а не со ќотек и насилство да се изживуваат врз граѓаните.“
-ЛДП на 8-ми мај поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за бруталноста на полиција врз студентите во Градската библиотека “Браќа Миладиновци“. Во полицискиот упад во библиотеката, на телесни повреди се пожалија неколку студенти, кои се најдоа затекнати во тој момент, потсетија од ЛДП.