Остар напад на Каракамишева врз Брисел: извештајот на Прибе е скандалозен!

by Фокус

Професорката на правниот факултет во настап пред кампот пред собранието изјави дека Брисел промовира двојни стандарди.

„Тоа е срам и правен скандал за Европската комисија“, изјави Татјана Каракамишева, коментирајќи го специјалниот извештај на ЕК за Македонија во кој остро беше критикувана Владата за вкупните состојби во државата, сообено за работата на УБК, за судството, медиумите, независноста на институциите.

„Па Ви се молам, како може тој извештај да биде релевантен, тој е правен скандал. Замислете правните нерегуларности, кои според нив биле големи, биле засновани на објавените телчефонски разговори од страна на СДСМ. Какви се тие искусни правници што не знаат дека докази стекнати на нелегален начин не можат да бидат користени во легална постапка“ рече Каракамишева.

Според неа не постои такво европско право што дозволува прислушување на незаконски начин, а уште помалку, смета таа. смеат да се објавуваат таквите разговори.

Поврзани новости