Лажни вести ги израдуваа Македонците: Трамп сепак, не не пушта без визи

by fokus

Американската амбасада во Македонија денес објави соопштение на својата официјална Фејсбук страница, по повод веста која што е актуелна деновиве, а според која американскиот претседател Доналд Трамп ги укинал визите за Македонците што патуваат во САД.

Очигледно дека радоста поради безвизниот режим била со краток рок, бидејќи според амбасадата, програмата за аплицирање за визи останува непроменета.

,,Лажните вести на сајтот ,,USA television’’ постираа сторија на 29 – ти март известувајќи дека претседателот Трамп потпишал наредба со цел да им се дозволи на жителите на Македонија да патуваат во САД без виза. Тоа не е вистина. Листата на земји кои што аплицираат за визи не е променета. Исто така, лажни беа и вестите постирани во јануари и февруари, кога сајтот објави речиси идентични верзии за Азија, Карибите, Колумбија, Јужна Африка, Гана и Малави’’ – информираат од амбасадата.

В.К.

Поврзани новости