85
Лажен звук бил намонтиран на видео од премиерот Талат Џафери во Форино, на кое можеа да се слушнат националистички пароли.
Сепак, утврдено е дека звукот е дополнително намонтиран, односно дека станува збор за звук снимен за време на фудбалски натпревар на стадион.
На монтираното видео објавено на социјалната мрежа Тик-ток, жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.