Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.Ј. (46) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според полицијата, на 27.03.2018 година на распишан оглас за пополнување на работно место – ложач на парни котли во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе, пријавениот поднел фалсификувана диплома за завршено средно образование во Средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, по што, од страна на директорката на наведеното училиште, истиот бил избран за бараното работно место. По ова од страна на директорката на Основното училиште „Кирил и Методиј“, било доставено барање до Средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес за проверка на дипломата на пријавениот, по што било утврдено дека во деловодните книги на Средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес не постоела диплома на име на пријавениот.