Десет лица претепале скопјанец поради кавга во сообраќајот

by Fokus

Група од десет лица физички нападнала скопјанец по претходна расправија, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера околу 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата „Приштинска“ физички бил нападнат од група од околу 10 лица. Причина за нападот била претходна расправија за недоразбирање во сообраќајот со лицето Н.Т. (21) од Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости