Лазаров: Срамен пораз, очигледно никој не ме сфати сериозно по натпреварот со Турција

by fokus

По шокантниот пораз од репрезентацијата на Грција, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров изрази разочараност.

-Срамен пораз, добивме „шлаканица“ од грчката репрезентација. Ја заслужуваме секоја осуда и критика за нашата игра. И против Турција игравме лошо, денес воопшто не се поправивме. Тоа што го кажав по натпреварот во Битола, ни се повтори. Веројатно никој не ме сфати сериозно. Квалификациите не се загубени, има уште многу натпревари, но ова е голем удар за нашата репрезентација, рече Лазаров.

 

Поврзани новости