На само еден час пред почетокот на првиот натпревар на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, Ракометната федерација со лоши вести: капитенот и селектор Кирил Лазаров се повредил и воопшто нема да може играчки да и помогне на Македонија на Европското првенство.
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели, соопштија од РФМ.
Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.