Лазаров го одигра последниот меч, но без трофеј

by fokus

Македонскиот ракометар, Кирил Лазаров, вечерва стави крај на играчката кариера, откако го одигра последниот натпревар во дресот на Нант, но се пензионираше без уште еден трофеј.

Неговиот тим загуби од ПСЖ (31-36) во финалето од Купот на Франција, во меч во кој победникот беше решен уште во првото полувреме кое „светците“ го добија со 18-13

-Ова ми е последен меч во кариерата и жалам што со Нант не освоив пехар. Горд сум на сѐ што остварив низ годините, чест ми беше што играв за овој клуб, но и генерално во Франција, изјави Лазаров.

Тој останува да биде селектор на Македонија, а најави и тренерска кариера.

Поврзани новости