Лазаров: Економијата ќе ја проектира иднината, а не историјата

by fokus

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора, претпладнево во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците се повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.

– На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Конобарот ќе те праша таму „Как,в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала, рече бизнисменот.

Претседателот на македонско-бугарската комора Кирил Лазаров смета дека топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во макдонско бугарскиот спор и очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

ПР текст

 

Поврзани новости