Последното усб го предал во ноември 2013 година, а од МВР заминал на 31 октомври после закана од Грујевски дека доколку не замине ќе биде вклучен во процесот „Шпиун“, изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“.
Пред да си соочи со Грујевски од МВР, сведокот Лазаревски кажа дека Звонко Костовски му испратил порака, дека пет пати се гледал Марјан Ефремов кој е обвинет во „Шпион“ и оти е можно да го уапсат.
– Кога отидов кај Грујоски ми рече дека излобирал да не ме апсат и наводно се обидел само со дисциплинска да поминам ,но разбрав дека сака да си заминам. Бев револтиран и му реков дека веднаш ќе си заминам, изјави Лазаревски.
По моето напуштање на МВР, појасни Ларазевски, Звонко бил службено испратен кај него да дознае за неговите активности и тогаш му достави нови документи.
– После апсењето на Верушевски ми се јави Звонко кој бил во присуство на Грујевски и ми рече дека рекол дека ако јас сум инволвиран во тоа што се случува лично ќе ми го пресече гркланот. Сфатив дека подобро е да пријавам што се случува. Пријавив дека материјалите му ги дале пет луѓе од МВР кои веќе се во странство, но побарав средба со Грујовски и таму кажав дека јас ги предадов на Верушевски, изјави Лазаревски.
Претходно, во својот исказ Лазазревски посочи дека имало три лица кои биле „парарепродуцери“, и кои правеле извештаи на нелегалните таргети пред се на јавни личности и политичари. Тоа го знаел, бидејќи Звонко Костовски бил системска поддршка на парарепродуцерите и се грижел за нивните компјутери.
– Верушевски беше прислушуван и не само тој, туку и неговите деца и сопругата, изјави Лазаревски.
Прашан зошто Верушески бил избран за лице да му ги предадат материјалите, сведокот рече „бидејќи е професионалец“.