Владата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња: Во најкус период да се подготват законски измени во соработка со ЗЕЛС и граѓанските здруженија

by fokus 18:36
18:36

Владата на Република Македонија на 101-вата седница иницираше измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени за да се надмине проблемот со бездомните кучиња.

- Advertisements -

Поврзани новости