Ѓорѓи Лазаревски, свиркачот кој заедно со колегата Звонко Костовски ја открија аферата со масовното прислушување во УБК, во моментот сведочи во Кривичниот суд на рочиштето за “Таргет и Тврдина”.
Пред да почне со испршувањето, обвинителот Трајче Пеливанов даде краток вовед, односно појасни како Лазаревски станал сведок.
-Во септември 2016 година го викнавме во својство на сведок, иако во тој момент беше обвинет во “Пуч”. Неговиот исказ е распослан на 36 страници, а поврзан со целата афера со прислушувањето. Поминавме заедно 30 часа, а по два месеца ја отворивме истрагата “Таргет”.
Лазаревски на барање на обвинителот сведочењето го започна со својата биографија. Тој меѓу другото истакна дека првото унапредување го добил од министерот Јордан Мијалков, а првото деградирање го добил во 2006 година од Сашо Мијалков и тоа како што рече бил вратен на ниво на почетник.
В.В.