Кекеновски: Со кое право Владата се впушти во ваква авантура за промена на Уставот?!

by fokus

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, во синоќешното гостување во „24 Тренд анализа“ ја критикуваше Владата предводена од СДСМ, поради надворешните политики и отпочување на уставните промени.

„По секоја цена, без оглед на последиците се настојува да се истурка една идеја, којашто нема мнозинство од граѓаните. Со кое право Владата на Македонија се впушти во ваква авантура за промена на Уставот, а сите знаеме дека се работи за еден неуставен Договор. Според мене, со овие уставни амандмани имаат за цел да ја задоволат вољата на нашиот јужен сосед. Се врши деградирање на граѓанинот на Македонија“, истакна Кекеновски.

Поврзани новости