Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се први добитници на државната награда за човекови права „Мето Јовановски”, објави Министерството за култура.
Лазаревски и Костовски, се вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето.
Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултираше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Разговорите беа докази за обвиненија на 94 лица и седум компании.
Наградата за човекови права „Мето Јовановски”, ќе се додели на Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември.
Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски во 2018 година ја добија „Наградата за слобода на говорот“ на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите.