Поранешниот советник и соработник на премиерот Никола Груевски, Владимир Лазаревиќ, кој бара политички промени во ВМРО-ДПМНЕ, но и во државата, во денешното обраќање пред присутните во Медиа центарот во Белград истакна дека сакаат да ја актуелизираат политичката криза во Македонија во цел регион.
– Ова е една од најголемите политички криза од самостојноста на државата, која добива неверојатни димензии и затоа сакаме да ја запознаеме јавноста со неа. Политичката криза започна со пресот на Груевски кога најави дека земјата е нападната од странски служби, што беше голем сигнал за мене и другите да се актуелизираме. Оваа криза ја актуелизираа „бомбите“ што ја поврзуваат власта со исклучителен криминал, па неопходно е да се понесе политичка одговорност зашто Македонија е турната на колена – рече Лазаревиќ.