468
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека се надева оти нема да има повторување на искуството на Либија и Ирак во конфликтот во Сирија.
„Не дај боже да се направи нешто авантуристички во Сирија по либиското и ирачкото искуство”, изјави Лавров на прес-конференцијата во петокот, објави Ројтерс.
Тој рече дека дури и најмалата грешка во Сирија може да доведе до нови бранови мигранти и дека ултиматумите и заканите не го помагаат дијалогот.
Русија и САД ги користат своите канали за комуникација за Сирија, истакнува Лавров.
Тој исто така, се сомнева во тврдењата на Велика Британија дека извештајот на ОПЦВ за труење со Солсбери ја потврдува анализата на инцидентот. Вели, ова е „преценето“ толкување на извештајот на ОПЦВ.