Лавров ги критикува САД, Бајден најавува натпревар без судир со Кина

by Фокус

Американските комуникациски канали со Кина ќе останат отворени, изјави претседателот Џо Бајден пред челниците на азиските земји по завршувањето на првиот од трите самите на челниците од регионот во Азија, по што речиси сигурно ќе следат тензични разговори.

Бајден во говорот на Самитот на источна Азија во Пном Пен во Камбоџа рече дека САД „силно ќе се натпреваруваат“ со Кина, но притоа ќе „обезбедат конкурентноста да не премине во судир“.

Бајден истовремено го осуди лансирањето на ракети од Северна Кореја како и „бруталната и неоправдана“ инвазија на Русија во Украина.

Југоисточна Азија оваа седмица е и домаќин на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали, а според сегашните најави Бајден, на маргините на тој состанок ќе се сретне со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг, првпат откако ја презема власта во периодот кога односите меѓу двете најголеми светски економии се на најниското ниво во последните неколку децении.

Се очекува дека војната во Украина и економските последици предизвикани во прв ред од антируските западни санкции ќе биде главната тема на дискусиите на Бали и форумот на Азиско-пацифичката економска соработка во Бангкок кон крајот на следната седмица, покрај климатските прашања, прехранбената несигурност и тензиите околу Тајванскиот теснец, Јужното Кинеско Море и Северна Кореја.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД и Западот во обидите да ги спречат руските и кинеските интереси во регионот ја „милитаризираат“ југоисточна Азија.

-САД и нивните сојузници во НАТО се обидуваат да го завладеат со овој регион – рече меѓу другото Лавров.

Поврзани новости