Лавров: Американците грешат ако мислат дека Атлантскиот океан им ја гарантира безбедноста

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека американското верување дека Атлантскиот океан гарантира нивна заштита во случај на конфликт од големи размери, како што е Третата светска војна, е грешка.

„Вашингтон верува дека неговото самоодржување го гарантира Атлантскиот океан, голема грешка е ако се обидуваат да го турнат светот на работ на Третата светска војна“, рече Лавров во интервју за руска телевизија, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија рече и дека засега „Вашингтон ги поттикнува своите европски сателити против Русија, мислејќи дека тоа ќе помине неказнето“, пренесува Танјуг.

Поврзани новости