493
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека американското верување дека Атлантскиот океан гарантира нивна заштита во случај на конфликт од големи размери, како што е Третата светска војна, е грешка.
„Вашингтон верува дека неговото самоодржување го гарантира Атлантскиот океан, голема грешка е ако се обидуваат да го турнат светот на работ на Третата светска војна“, рече Лавров во интервју за руска телевизија, пренесува ТАСС.
Шефот на руската дипломатија рече и дека засега „Вашингтон ги поттикнува своите европски сателити против Русија, мислејќи дека тоа ќе помине неказнето“, пренесува Танјуг.