ОВЕН
РАБОТА: Очекувате повик од странство кој ќе ве израдува и ќе ви осигури добра деловност.
ЉУБОВ: Не сте сигурни во чувствата на партнерот. Не ги испрашувајте премногу, за да не станете здодевни.
ЗДРАВЈЕ: Можни се помали главоболки.
БИК
РАБОТА: Една личност од опкружувањето ви стапна на плускавец. Воздржете се од непотребни негативни коментари, никогаш не знаете кој ве слуша.
ЉУБОВ: Компромисот во врската е многу важен. Иако во моментов ви се чини дека сте оштетената страна, мора да ѝ излезете пресрет на саканата личност.
ЗДРАВЈЕ: Стресот ви го нарушува имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА: Денеска сте многу амбициозни во врска со заработката и нема никому да му го препуштите она што вам ви припаѓа. Добар дена за барање зголемување или бонус.
ЉУБОВ: Не би требало премногу да зборувате со блиските пријатели или роднините за плановите кои се однесуваат на вашиот љубовен живот, без разлика дали сте слободни или не.
ЗДРАВЈЕ: Во добра форма сте.
РАК
РАБОТА: Денеска имате премногу обврски и буквално нема да се запрете до крајот на денот. Издржете бидејќи тоа ќе донесе и добри резултати.
ЉУБОВ: Испланирајте патување со саканата личност, самиот чин на организирање ќе ве зближи.
ЗДРАВЈЕ: Намалете ги оброците.
ЛАВ
РАБОТА: Денеска воопшто не ви се работи. Земете слободен ден, доколку имате можност за тоа.
ЉУБОВ: Партнерот со своите коментари несвесно прави да се чувствувате лошо. Дајте му на знаење што ви пречи.
ЗДРАВЈЕ: Пронајдете начин како да си го поправите расположението.
ДЕВИЦА
РАБОТА: Обратете внимание на своето опкружување, добра деловна се крие кај некој од вашите пријатели.
ЉУБОВ: Многу блиска личност е вознемирена и несреќна, а вам не ви е јасно зошто. Размислете затоа како да ја усреќите.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со ‘рбетот.
ВАГА
РАБОТА: Денеска е денот добро да се одморите. Конечно започнете да читате некоја книга или дозволете си добар филм.
ЉУБОВ: Време е за важни промени. Без одушевување ќе се решите за нив, а многу тешко и ги прифаќате.
ЗДРАВЈЕ: Можни болки во зглобовите.
ШКОРПИЈА
РАБОТА: Денеска сте многу креативни, што се одразува и на тоа да бидете задоволни со својата работа. Само продолжите така.
ЉУБОВ: Уживате во новата љубов, односите со партнерот никогаш не биле подобри.
ЗДРАВЈЕ: Дозволете си некој час повеќе сон.
СТРЕЛЕЦ
РАБОТА: И во продолжение од седмицава ве чекаат големи деловни предизвици.
ЉУБОВ: Партнерот приговара бидејќи немате доволно време за него. Посветете му малку повеќе внимание.
ЗДРАВЈЕ: Премногу сте се опуштиле, па секаква физичка активност позитивно би влијаела врз вашето здравје.
ЈАРЕЦ
РАБОТА: Ви се чини дека постојано некој од вас бара деловни услуги. Научите да кажете не.
ЉУБОВ: Ви ласка вниманието од партнерот. Минувајте повеќе време заедно.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА: Нервозни и нетрпеливи сте, што влијае врз вашата ефикасност на работното место. Понекогаш е подобро нешто да сторите бавно и темелно, отколку лошо и набрзина.
ЉУБОВ: Носталгични сте и чести ви доаѓа на ум старата љубов. Сепак, не контактирајте ја, бидејќи не би ви годело многу подгревањето на старите страсти.
ЗДРАВЈЕ: Нерасположението се зголемува од ден во ден.
РИБИ
РАБОТА: Денеска ќе ви се укаже една добра можност. Искористете ја најдобро што можете.
ЉУБОВ: Во лоши односи сте со саканата личност и избегнувате разговори на непријатни теми. Сепак, ќе ви олесни кога сѐ ќе расчистите.
ЗДРАВЈЕ: Искористете го денот за некоја физичка активност, ќе ви годи.