393
Градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во гостувањето на ТВ 21 рече дека тие ќе го поразат ДУИ на следните избори.
-На следните парламентарни избори, Алијанса за Албанците ќе го порази ДУИ. За ова сум убеден. ДУИ ги изгуби најголемите општини, Тетово и Гостивар, така на следните избори ќе ги поразиме секаде во државата, вели Таравари.