Латас не се појави на судење, судијката ги исклучи новинарите за да не ги слушнат причините

by fokus

Новинарот Драгаn Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што му се суди за даночно затајување во случајот Тотал на СЈО.

На почетокот на рочиштето судијката, Славица Наумова Јосифовска, ја исклучи јавноста поради што новинарите не беа во можност да слушнат што зборуваат внатре. По кратко време новинарите повторно влегоа во судница, по што судијката појасни дека Латас не е присутен од лични и семејни причини, а за што, како што рече, неговите адвокати Анита Бегова и Снежана Савиќ, доставиле доказ.

Судијката појасни дека доказот е од Универзитетската клиника Келн, издаден на 16-ти јануари годинава. Судијката читајќи го овој податок дури им се оправда на адвокатките дека морала да го прочита доказот, поради што се создаде впечаток дека јавноста беше избркана токму поради тоа, односно да не ја слушне причината зошто Латас не е дојден на судење.

Следното рочиште е закажано за 31-ти март.

В.В.

Поврзани новости