Латас дојде на судење за дивоградбите во Зелениково

by fokus

Новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас пристигна на денешното судење за случајот Тревник на СЈО.

Денеска се очекува да почне главната расправа откако претходно неколку пати беше одложувана поради отсуство на Латас.

Последниот пат главната расправа беше одложена затоа што на обвинетите во Тревник им беа доделени на разгледување транскриптите од прислушуваните разговори.

Во овој предмет освен Латас се обвинети и Ѕвездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ.

Се товарат дека изградиле викенд куќи во Зелениково без одобрение на градба, односно објектите биле изградени во 2011 година, а Општината издала одобрение во 2013 година.

М.В.

Поврзани новости