Драган Павловиќ Латас денеска дојде во Специјалното јавно обвинителство, во врска со пријава што ја поднел до Обвинителството, а поврзана со објавување аудио снимки од прислушувани негови разговори, објави Плусинфо.
Како што пишува ПлусИнфо, најверојатно станува збор за аудио снимки, објавени на социјалните мрежи. На денешната пресконференцја, Катица Јанева, се осврна и на неовластеното пуштање на социјалните мрежи на приватни разговори помеѓу одредени сегашни и поранешни функционери
-Ги повикувам засегнатите поединци да дојдат во специјалното обвинителство за да поведеме соодветни кривични постапки. Истовремено ги повикувам сите кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток можен рок до Специјалното обвинителство, рече Јанева.