Лашкоска: Јавниот долг со голема брзина оди кон 5 милијарди

by fokus 12:34
12:34

Картелот кој ја води државата, наречен СДСМ, неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните. Државниот долг надмина 4 милијарди евра, а картелот тоа го крие од јавноста, вели пратеничката и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

Таа обвини дека власта вчера ја задолжила државата со нови 20 милиони евра и кажа дека државниот долг изнесува 2 милијарди и 40 милиони евра.

- Advertisements -

– Јавниот долг со голема брзина оди кон бројката 5 милијарди, и сега изнесува 4 милијарди и 806 милиони евра. Картелот на власт веќе извесен период ја крие реалната висина на долгот, со цел граѓаните да не дознаат дека државниот долг е 4 милијарди евра, а јавниот долг дека се повеќе се приближува до бројката од 5 милијарди, рече Лашкоска.

Пратеничката од опозицијата ја повика власта да одговори во чии чии џебови завршуваат милиони евра пари, за кои како што кажа, утре со камата ќе треба да ги враќаат идните генерации.

– Милиони задолжување, а ниту една инвестиција или капитален проект. Повисоки пeнзии нема, но затоа има повисоки акцизи за гориво. Повисоки плати нема, а паѓаат и откупните цени на земјоделските производи. Задолжувањето како инструмент на финансирање на Буџетот е оправдано само кога со истото се финансираат капитални проекти. Тоа оваа криминална власт не го прави. Државата рапидно се задолжува, граѓаните се соочуваат со се повисоки цени и трошоци на живот. Државата стагнира на секое поле. Оваа ненародна власт не може да донесе ништо позитивно за Република Македонија. Граѓаните заслужуваат подобро и тоа ќе го добијат кога ќе замине оваа ненародна, расипничка власт. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, вели Лашкоска.

Поврзани новости