Нов филтер на печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“

by Fokus 12:21
12:21

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека од денеска во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор) на депонијата „Дрисла“.

„Станува збор за филтер којшто е поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад и кој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и други честички кои се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето е во согласност со препораките на Државниот инспекторат за животна средина. Филтерот ќе се користи се до поставување на новата печка овде“ – истакна Шилегов.

- Advertisements -

 

Поврзани новости