Музичарот Ламбе Алабаковски во април наредната година заминува во Австралија. Тој ќе биде дел од музичката турнеја заедно со дуото ,,Некст Тајм”, кои пак ја најавија дружбата со нашите иселеници, по вторпат за кратко време, затоа што и во април годинава имаа австралиска турнеја заедно со Влатко Лозаноски.
Ламбе и во минатото, пред 15 години, кога беше актуелна тинејџерска музичка ѕвезда, имаше турнеја во Австралија, заедно со Елена Ристеска, Ноне Неделковска и Ѓоко Танески. Стануваше збор за еднонеделна турнеја со три концерти, и тоа во Мелбурн, Сиднеј и Перт.
Тие беа едни од ретките домашни изведувачи на забавна музика, кои тогаш гостуваа во Австралија, каде претежно се канат фолк музичари.
Најавената турнеја на Ламбе и ,,Некст Тајм” е во организација на ,,Република Ентертејнмент”, и се уште не се соопштени датумите и местата каде музичарите ќе гостуваат.
Вики Клинчарова