Ламбе е на слобода, одземен му е пасошот

by fokus

Пејачот Ламбе Алабаковски е ослободен од домашен притвор и ќе се брани од слобода за палењето на влезот на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврди неговиот адвокат Дарко Стефановски за „Фокус“.

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел одлука како мерка на претпазливост на Алабаковски да му биде одземена патната исправа.

На Алабаковски му се става на товар делото предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години. Според полицијата, пејачот признал дека тој го подметнал пожарот.

Поврзани новости