691
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку објава на Твитер го изрази своето задоволство што ја започнала балканската турнеја токму од Албанија.
Преку објавата по средбата со премиерот Еди Рама, таа истакна дека нејзината порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ.
– Мило ми е што ја започнав посетата на Западен Балкан од Албанија. Мојата порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија силно се придржува кон оваа определба. Со добар напредок во реформите во правосудството, Албанија постигна успех. Сега ЕУ мора да го стори истото, напиша таа.
По средбата со премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, во претседателската резиденција претседателката на ЕК, Лајен ја прими шефот на државата Илир Мета.