Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вели дека бил загрижен од она што го слушнал за време на неговата посета на северот на Косово и рече дека е неопходно да се избегне каква било можност за ескалација и целосно да се фокусираат на нормализација на односите
Лајчак, кој вчера беше во Косово, на Твитер напиша дека му е важно повторно да го посети северот на Косово и да разговара со различни соговорници за да добие впечаток од прва рака за моменталната ситуација.
„Она што го слушнав ме загрижи. Мораме да избегнеме секаква можност за ескалација и целосно да се фокусираме на нормализација“, рече Лајчак.
Претставници на Српската листа синоќа во Косовска Митровица разговарале со Лајчак за политичко безбедносната состојба на Косово.