508
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, вечерва пристигна во Приштина.
Лајчак предупреди дека страната што ќе го отфрли европскиот предлог ќе се соочи со губење на европската поддршка.
На прашањето што ќе се случи доколку едната страна го одбие предлогот, тој рече дека тогаш меѓународната заедница ќе ја намали поддршката за таа страна, но ќе ја зголеми за другата страна.
Засега нема најави за евентуална средба на Лајчак со премиерот на Косово Албин Курти
Лајчак посочи и дека откако двете страни ќе покажат дека се подготвени да го прифатат европскиот предлог, ќе се организира заедничка средба на преставниците на Белград и Приштина во посредство на ЕУ и САД.