Лајчак: ЕУ да го исполни ветеното за Северна Македонија

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Словачка и актуелен претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчaк, изјави дека ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија.

Тој во интервју за МИА рече дека Северна Македонија стигнала подалеку отколку што можело да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. Дискусиите за датумот за преговори продолжуваат, а неколку месеци нема да направат голема разлика за граѓаните на Северна Македонија. Земјата оваа година мора да го донесе заслужениот успех за отворање ново поглавје во односите со Унијата, вели тој. Доколку ЕУ не ги исполни ветувањата тоа ќе донесе сериозни последици, додава Лајчак.

Тој од денеска во улога на претседавач на ОБСЕ, но и на шеф на словачката дипломатија е во Скопје, а утре тој ќе има средби со високи државни функционери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и граѓански организации.

Поврзани новости