Лабораторијата Жан Митрев денеска не пријавилa тестирања за Ковид -19

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19. До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај, велат од МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.

Поврзани новости