Кузеска: Мицкоски се уште има шанса да се приклучи на европскиот пат

by fokus

Кога се работи за државните и национални интереси оваа недела ќе стане јасно и што одлучил Христијан Мицкоски: дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе остане во заложништво на Левица во анти-европскиот блок, соопштија денеска од СДСМ во пресрет на најавената лидерска средба која треба да се случи во текот на наредната недела.

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

-Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи, рече Кузеска.

Поврзани новости