Кутиров: Имаме информација за 52 лица во автобусот, од кои едно лице е возач

by fokus

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека според информациите кои тие ги имаат, при од излезот на автобусот на Беса Транс од Македонија, Царината регистрирала вкупно 52 лица во автобусот, од кои едно лице било идентификувано како возач.

-Според она што колегите го прибавија од внатрешната контрола во патниот лист има вкупно 50 патници, додека во листата на патници се 51 патник, плус еден возач. Така да, генерално имаме информација за 52 лица, од кои едниот е идентификуван како возач. Не можеме да утврдиме дали некое од другите 51 лице е вториот возач, рече Кутиров.

 

Поврзани новости