Четирите автобуси на Беса не биле евидентирани бидејќи системот бил спор?

by fokus

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека ниту еден од четирите автобуси на Беса транс кои вечерта на 18ти ја напуштиле Македонија не бил електронски евидентиран.

Цариниците кои биле на смена рекле дека не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.

-Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18ти поминале уште три автобуси на Беса транс, и за нив немаме евиденција во системот. Имаме одредени документи како патен лист, интербус и патна листа. Тоа е уште една причина дека имало несовесно постапување. Но, тоа не значи дека не била побарана лиценца. Самата постапка налага возачот да приложи низа документи, меѓу кои и изводот од лиценцата. Врз основа на тие документи треба да се направи електронската евинденција.
Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, рече Кутиров.

Поврзани новости