Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека обврската за вакцинирање против коронавирусот нема да биде воведена во Австрија, но тој исто така истакна дека луѓето кои нема да се вакцинираат може да наидат на проблеми.
„Останува лична одлука на секој поединец дали ќе биде вакциниран. Владата нема да воведе обврска за вакцинирање “, потенцира Курц, наведувајќи дека, сепак, може авиокомпаниите или организаторите на настани да воведат такви правила.
„Многу земји во некои делови на светот сè уште бараат доказ за вакцини, на пример против хепатитис, маларија или тифус, пред да влезете на нивна територија. Тоа би можело да биде слично со коронавирусот во иднина“, објасни тој во изјава за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“.
Курц најави дека ќе биде вакциниран што е можно поскоро.
Претходно, на прашањето зошто не се вакцинирал на самиот почеток, Курц рече дека тој, како и другите членови на владата, не сака привилегиран статус, бидејќи приоритет се ризичните групи.
Кога станува збор за враќање во нормала, австрискиот канцелар повтори дека не очекува тоа да се случи многу наскоро.
„Во следните месеци, поради ниските температури, лошиот имунолошки систем ќе биде многу предизвикувачки. Третиот бран веќе силно погодува многу земји, како што се Чешка или Холандија. Сите овие се сигнали дека овој развој може да се случи и кај нас. Ќе потрае уште време додека соодветните групи не бидат вакцинирани “, потенцира Курц.
Тој рече дека очекува состојбата да се подобри со вакцинирањето и пораст на дневните температури, поточно во лето.
На прашањето дали може да има четврт локдаун, на пример, во март, Курц одговори дека никој не може да го исклучи тоа, бидејќи целта е да се спречи тријажа на интензивна нега.
Тој рече дека е загрижен и за факторите врз кои никој нема влијание, а тоа се, на пример, мутиранио вид, како што сега го има во Велика Британија.