Заев: Од утре акција за “Глобал”!

by fokus

Со голема вознемиреност ја примив веста за пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“ во мојата родна Струмица. И покрај сериозноста на материјалната штета, за среќа нема повредени и изгубени човечки животи, истакна денеска премиерот Зоран Заев, по посетата на опожарениот „Глобал“.

-Пожарникари не само од Струмица, туку и од околните градови, покажаа солидарност на дело и неуморно се бореа со пожарот. Изразувам длабока благодарност за нивната професионалност во справувањето со пожарот и оддавам длабок наклон за пожртвуваноста која ја покажаа до раните утрински часови, без откажување и без колебање сѐ до гасење на последниот пламен јазик.

„Глобал“ е еден од симболите на модерна Струмица, во него струмичките семејства ја обезбедуваат егзистенцијата, но таму живее и пазарот, таму е струмичкиот дух. Затоа силно верувам во заедницата и во добронамерните сограѓани дека ќе покажат солидарност и помош. Тешки се овие моменти за многу семјества, но знам дека заедно, сплотени ќе го надминеме и ова. Од утре, акција!, напиша Заев на фејсбук.

Поврзани новости