Курц со критики за ЕМА, бара побрзо одобрување на вакцините

by Fokus

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови (ЕМА), барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини против коронавирус.

– Не може вакцината да се одобрува побрзо во други земји отколку ЕМА“, рече Курц.

Како причина за критика го зеде одобрението за вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

– ЕМА сега е повикана да ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон што е можно побрзо и небирократски, во согласност со сите научни стандарди, рече Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една доза за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласи тој, вакцината има висок ефект против тешки форми на болеста Ковид-19.

Поврзани новости