Курц: Северна Македонија може да почне преговори со ЕУ следната година

by Фокус

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави тоа што беше овозможено дветретинско мнозинство во македонскиот парламент, неопходно за почетокот на процесот на носење уставни измени што произлегуваат од Преспанскиот договор.

„Тоа дава силен ветар в грб на напорите за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија следната година“, наведе Курц во соопштение.

Тој истакна дека приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е важен приоритет на австриското претседателство и дададе Унијата ќе биде целосна дури откако тие земји ќе станат нејзини членки.

Поврзани новости