Курц ќе работи во САД

by fokus

Поранешниот австриски канцелар, некогаш најмладиот премиер на светот, Себастијан Курц, потпиша нов договор за вработување во САД.

Како што пишува весникот „Естерајх“, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите.

Поранешниот канцелар на Австрија најави дека следната година ќе објави детали за новото работно место и за која компанија станува збор.

Најавеното повлекување на Курц од политиката дојде по соочувањето на поранешниот австриски канцелар со бројните скандали и политички превирања на домашната сцена во изминатите неколку години.

Тој поднесе оставка од канцеларската функција во октомври, годинава, за да ја спаси владината коалиција.

Курц стана лидер на Австрија на 31-годишна возраст, се издигна на политичката сцена преку имиџот на енергичен функционер кој му овозможи да стекне широка поддршка од различните генерации.

Поврзани новости