Курто Дудуш засега не размислува за формирање на партија

Во изјава за „Фокус“, градоначалникот на Шуто Оризари открива дека одржал средба со Мицкоски, откако никако не можел да стапи во контакт со Арсовска, со врска со средства за партерно уредување на сала.

by Фокус

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во изјава за неделникот „Фокус“ вели дека засега не планира да формира политичка партија, и покрај тоа што, истакнува тој, имал такви барања од граѓаните.

Воедно, тој посочува дека е пријател со Максим Димитриевски од периодот кога двајцата биле пратеници, но нагласува дека засега не разговарале за формирање сојуз на парламентарните избори.

Моментално, целта ми е да ја извршам градоначалничката функција и да обезбедиме што подобри услови за граѓаните – вели Дудуш.

Тој објаснува дека протестот пред Град Скопје случајно се совпаднал со конфликтот и расчистувањето на сметките меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочува, тоа следува откако не успеал да стапи во контакт со Арсовска за финансиска помош за партерното уредување на салата.

Никако не стапив во контакт со неа, па имав средба со Христијан Мицкоски, на која побарав да се влијае за да се добијат потребните средства. Средбата мина добро, но на крај како проблем се испостави ромски советник, кој е дел од нивната коалиција – вели Дудуш.

Целиот текст за можните политички иницијативи и проекти надвор од двете големи коалиции прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

Поврзани новости