1407

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сдсмовците ја ословуваа Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со „тендерска коалиција“. Откако СДСМ се ујдиса со ДУИ, тендерите не се спојката што обединува!? Рачињата на сдсмовците не се по медот? Иако, согласно тендерските манири на сите партии, Македонија наликува на „Медена земја“.

МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР
„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“.

БАЈРУШ ЈА ТУЖИ ДРЖАВАТА
Кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији ја тужи Агенцијата за управување со одземен имот за двојна конфискација за случајот „Пепел“. Сега Сејдији е на пат да ја „пеплоса“ државата.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА
Злоупотреби во издавањето безбедносни сертификати или лажни обвинувања за директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески.

„ГОЛЕМИТЕ И МАЛИТЕ“
Додека Мицкоски се обидува да ја менаџира штетата по раздвојувањето со Јакимовски и со Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ се наоѓаат пред одлука дали да влезат во процес на расчистување.

РУСКО-УКРАИНСКИ КОНФЛИКТ
Се погласно се шушка дека Украина има свои залихи на супероружја, со кои би ѝ возвратила на Москва. Сега навистина и оружјето за масовно уништување влегува во игра!

ПАРТИСКИ ОДМЕТНИЦИ
Мијалков ем прескапо ги наплати своите услуги за партијата и стана мултимилионер, ем на крајот токму од неговите услуги најголема штета виде партијата.

 

Колумнисти:

Сања ЛУКАРЕВСКА
Кај нас веќе како да нема ниту емоција, ниту емпатија. Нашиот потоп е во нашата новокомпонирана простотија.

Александар НИКОЛОВСКИ
Уцени, закани со афери, мешање во приватниот живот низ масовна злоупотреба на институциите, само за да се остане час поскоро, ден поскоро.

Стојан АНДОВ
Во написот за гостувањето на Македонскиот народен театар, Камен Зидаров, меѓу другото, пишува: „Прво, тој ја прикажа убавината и моќта на македонскиот јазик.

Јанаки МИТРОВСКИ
Дали СДСМ ќе ја прибере Данела, надевајќи се дека таа ќе му прави штета на Мицко или ќе ја пушти низ вода? Можно е серијата Есмералда да има повеќе продолженија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За функционерите или партиските моќници што ја злоупотребиле службената положба, народот најчесто вели дека биле „снаодливи“. Вредносен еуфемизам за битанги, џган, гниди.