Курто Дудуш: Имаме јасни заложби за борба против корупцијата

by fokus

Вработениот во општина Шуто Оризари, за кого Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп не бил советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, туку бил возач, соопшти денеска Кабинетот на градоначалникот.

-Истиот ден во медиумите се појавија невистините информации дека се работи за лице кое е советник на градоначалникот на Шуто Оризари. Во одредени медиуми беа пласирани и неточни информации дека и градоначалникот е во притвор и примал мито. За сите невистинити и неточни информации, кои проциркулираа во јавноста и кои го нарушија угледот и честа на градоначалникот на општината, како и рејтингот на општината веќе се во тек постапки против соодветни инстанци, се вели во соопштението.

Од Кабинетот на Дудуш нагласуваат дека општината Шуто Оризари и градоначалникот имаат јасни заложби за борба против корупцијата, зачувување на законите и имплементирање на правда, врз кое било правно или физичко лице.

-Граѓаните на РМ очекуваат спроведување на целосна, а не селективна правда врз сторителите на кривични дела без разлика дали се работи за случаи на мито од илјада денари и мито и корупција од милионски суми, се вели во соопштението.

Поврзани новости