Курти: Во Косово и во Албанија живее еден народ, границата ни ја наметнаа Југославија и Србија

by Fokus

Премиерот на Косово, Албин Курти во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека „во Косово и Албанија живее еден народ“, а „границата ја наметнаа Југославија и Србија“.

Тој не крие дека сака да го види Косово во мирно обединување со Албанија и не е загрижен за потенцијалната нестабилност предизвикана од неговата политика.

Курти во интервјуто го повторил барањето за целосно признавање на Косово од страна на Србија како неопходен услов за договор – барање за кое Србите велат дека ниеден српски политичар не може да го исполни во догледна иднина, а да не биде избркан од политиката. Неговата главна грижа е потенцијалното прелевање на војната во Украина на Западниот Балкан.

-Јас сум премиер на Косово една година и за таа година пензиите се зголемени за 11 отсто, инвалидските за 33 отсто. Обезбедивме субвенции за новите мајки и деца и не правиме дискриминација според етничката припадност или вероисповедта. Сакаме тесна соработка со Албанија, но не на штета на малцинствата. Албанија и Косово се две различни држави, но не и два различни народи. Проблем е кога Белград се уфрла и сака да ја поткопа нашата државност и нашите институции. Тогаш е природно да сакаме да бидеме посилни, бидејќи Србија е многу посилна од нас, порача Курти.

На прашањето за Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српски општини, што Приштина не го исполнува, Курти ја префрла топката на Белград и вели дека постојат 33 договори, од кои Белград не сака да спроведе повеќе од две третини, а инсистира само на тој.

-Кажано е дека Заедницата на српски општини со духот и зборот го крши уставот. Нема инциденти меѓу Албанците и Србите. Србија е друго прашање, додаде тој.

Премиерот на Косово, Албин Курти кажа дека границата меѓу неговата држава и Албанија е наметната од страна на Србија и Југославија, односно тоа не е граница на албанскиот народ.

„Таа граница не е наша. Ако Србија го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, туку како албански народ, зашто Србија има блиски сојузници во Москва и таа е поголема од нас, па така ние реагираме на начн кој не приближува до успешна одбрана“, кажа Курти.

Курти кажа дека Албанија и Косово се две различн држави, но не и два различни народи.

Поврзани новости