Курти во Чаир – улицата Втора македонска бригада се преименува во улица Адем Демачи

by Fokus

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска попладне во скопската општина Чаир присустуваше на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во улица Адем Демачи, а беше придружуван од домаќинот, градоначалникот Висар Ганиу, лидерите на Беса и на Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, како и на лидерот на партијата во формирање, Изет Меџити.

Курти рече дека во Косово има многу улици кои го носат името на Адем Демачи, но нагласи дека оваа улица во Чаир е нешто посебно.

Тој рече дека пред пред две недели била одбележана пет годишнината од смртта на Адем Демачи и нагласи дека „тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија е од особено значење“. Потсети дека Адем Демачи поради своите заложби и дејност во поранешна Југославија бил осуден вкупно на 28 години затвор, но дека сепак „останал нескротлив симбол за слободата на Албанците во Југославија“.

Рече дека Демачи му бил многу од помош во неговата изградба како политичар и дека му кажал оти најомилената политичка личност на 20 век му бил Хасан Приштина.

Поврзани новости