Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти рече дека, како што вели, нелегалниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, потпишал договор сам со себе вчера во Вашингтон.
Во објава на својот профил на Фејсбук, Курти рече дека вчерашната акција покажала дека предизборната кампања во САД продолжува.
– Продолжува изборната кампања во САД. Синоќа, во присуство на претседателот Трамп, нелегитимниот премиер на Косово и автократскиот претседател на Србија потпишаа договор со сами со себе, рече Курти.
Според него, нема ниедна точка во тие потпишани документи поврзани со односите со Белград, што може да се смета за достигнување на делегацијата од Приштина.
Поранешниот премиер на Косово го критикуваше вчерашниот договор, за кој вели дека е на штета на Приштина, пренесува Косово онлајн.
– Мораториумот за прашањето за членство и оспорувањето на употребата на Газивода се нивни огромни неуспеси. Сите во нашиот регион се свесни дека „мини-Шенген“ и помага на хегемонијата на Србија во овој дел на Европа, истакна Курти за кого злосторства и воена штета, е долг што го должи Србија, а косовската делегација ги игнорирала или заборавила.
– Концесиите во планот на Ахтисари за манастирите и црквите не мораа да се зголемат уште повеќе во Вашингтон, како Србија да недоби доволно. Албанците во Прешево, Медвеѓа и Бујановац не беа одбранети, а нивниот проблем не беше ни претставен, рече Курти.
Како што изјави, Србија побара пристап до море – доби, побара финансии – доби, побара пренасочување на пругата кон Мердар – доби, побара „мини-Шенген“ – доби, побара да се укине точката што меѓу другото, подразбираше признавање – и беше отстранета.
– Значи, никаде не е ветено заемно признавање. Напротив, Гренел призна дека се согласил да ја отстрани таа точка. Што донесе оваа делегација на Косово во врска со Србија, а да не е штета, срам и опасност, праша Курти.
Како што потсети, поранешниот претседател на САД Џими Картер еднаш рекол дека ниту еден договор не може да биде долгорочен ако двете страни не победат.
– На меѓународната сцена меѓу Србија и Косово, Србија добива сè за што има за цел, а Косово ништо. На економско поле, Србија сè уште добива повеќе, прифаќајќи ја својата хегемониска позиција во регионот, слободен премин и трговија на Косово, пристап до морето … На Израел треба да му се заблагодариме, но признавање помеѓу израел и Косово е нешто меѓу нашите земји, со помош на САД. Србија нема причина да биде вклучена во односите на Косово со Израел. Ние не купуваме признавање од Израел со отстапување на суверенитетот на Србија, рече Курти.
Курти рече дека косовската делегација таму заминала со ветуување за признавање.
– Кога Вучиќ рече дека нема разговор ако признанието не се елиминира, тие не се осмелија да инсистираат. Тие прифатија се што побара Вучиќ. Се разбира, предизборната кампања во САД продолжува, заклучи Курти.